Америка се повлекува од Парискиот договор за климата
Администрацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп денеска соопшти дека САД по втор пат ќе се повлечат од Парискиот климатски договор. Критичарите тврдат дека потегот на Трамп ќе ги загрози глобалните напори за борба против глобалното затоплување.
„Претседателот Трамп ќе се повлече од Парискиот договор за климата“, се вели во соопштението на Белата куќа.
Соединетите Држави, вториот најголем загадувач во светот по Кина и историски најголем загадувач, го напуштија Парискиот климатски договор за време на првиот мандат на Трамп, но Џо Бајден ги врати во неговиот. Парискиот договор има за цел да го ограничи глобалното затоплување и да се бори против климатските промени.
Тој поставува цели за намалување на штетните емисии, што значи дека владите се согласија да го ограничат глобалното затоплување на 1,5 степени Целзиусови над прединдустриските нивоа со цел да се избегнат најлошите последици од климатските промени.