Американска стриптизета се закани дека ќе објави “шокантни” фотографии со принцот Хари

Поранешната стриптизета Кери Ројал (52), е бесна поради начинот на кој била зрикажана во книгата на принцот Хари.

За да се одмазди, се закани дека “ќе го потсети” како изгледал и се однесувал на забава со стриптизети во 2012 година во хотелот „Wynn“.

Разголени фотографии од тогаш 27-годишниот принц и жена која го гушка, ги објави „The Sun“.

Поранешната стриптизерка сега пред новинарите се закани дека има повеќе „материјал“ кои може да го објави на нејзината страница на „OnlyFans“.

„Имам повеќе негови многу проблематични фотографии кои јавноста никогаш не ги видела. Луѓето би биле шокирани од она што би го виделе. Зошто го правам ова? Затоа што сум бесна на начинот на кој сум прикажана во неговата книга каде сум навредувани на најлош начин. Всушност, изненадена сум што воопшто се сеќава на мене затоа што беше пијан како летва. Но, кога веќе се фати за таа приказна, зошто не се сети на некои други работи во книгата “, рече Кери.

Наводно, тој бил гол, свирел гитара пред неа покрај базенот во Лас Вегас, пред да и подари црна долна облека.

Back to top button
Close