Американски сенатор, воедно и лекар, инсинуираше дека Афроамериканците не ги мијат рацете

– Сенатор од американската сојузна држава Охајо беше отпуштен од работа како лекар во Службата за итни случаи, откако праша дали „Афроамериканците или обоената популација“ се повеќе погодени од коронавирусот бидејќи тие „не мијат раце како другите групи“.

Републиканецот Стив Хафман го поставил ова прашање за време на сослушувањето од областа на здравството за тоа дали расизмот треба да се прогласи за јавна здравствена криза, пренесува Би Би Си.

– Дали е можно Афроамериканците или обоената популација да не ги мијат рацете како другите групи? Или не носат маски? Или не одржуваат физичка дистанца? Може ли тоа да биде објаснување зошто таа популација почесто се заразува од коронавирусот?, прашал Хафман.

Тој подоцна се извини, велејќи дека „за жал го поставил прашањето на ненамерно неспретен начин, што е сфатено како говор на омраза“, а тоа било, како што рече, токму спротивното.

Компанијата ТимХелт (TeamHealth) го отпушти од позиција лекар во одделот за итни случаи.

Сенаторот, одговорен за областа Дејтон е под притисок да се повлече и од таа функција и поради тоа што Афроамериканците ги опиша како „обоени“.

Back to top button
Close