Американскиот милионер Роберт Дурст е осуден за убиство

Магнатот во областа за недвижни имоти и американски милионер Роберт Дурст денеска е осуден во Лос Анџелес. Тој е обвинет за убиство на неговата блиска пријателка Сузан Берман пред речиси 20 години.

Седумдесет и осум годишниот Дурст отсуствуваше од судницата бидејќи се наоѓа во изолација, откако претходно бил во контакт со болен пациент од коронавирус. Судот заседаваше речиси седум часа во траење од три дена.

На милионерот му се заканува доживотна казна затвор без право на помилување. Судското рочиште, на кое ќе биде изречена пресудата, е закажано за 18 октомври.

Богатството на Дурст, кој поседува голем број деловни згради во центарот на Њујорк, во моментов се проценува на 100 милиони долари.

Back to top button
Close