Амирабдолахиан: Израелските дронови не предизвикаа штета или жртви во Исфахан

Шефот на иранската дипломатија, Хосеин Амирабдолахиан, изјави дека беспилотните летала за кои извори велат дека Израел денеска ги лансирал кон градот Исфахан, не предизвикале штета или жртви, ги пренесуваат иранските медиуми коментарите што тој им ги даде на амбасадорите на муслиманските нации во Њујорк.

-Поддржувачите на ционистичките медиуми во очајнички напор се обидоа да направат победа од нивниот пораз, додека соборените мини-дронови не предизвикаа никаква штета или жртви, рече Ам­­­ирабдолахиан.

Техеран даде да се насети дека не планира да се одмаздува за денешниот напад.

Во интервју за државната телевизија, жител на Исфахан ги опиша експлозиите во раните утрински часови како „ништо повеќе од петарди“.

Back to top button
Close