Анчелоти го смета Реал Мадрид за свој приоритет, го одбил Бразил

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти смета дека негов приоритет е да продолжи да работи во мадридскиот клуб.

Италијанецот тоа јасно и го кажа на Бразилската фудбалска конференција (ЦБФ), пренесе Марка. По одбивањето на Анчелоти, главен претендент за селекторската функција на бразилската репрезентација стана Жорже Жесус кој е на чело на Ал-Хилал.

„Скај Спортс“ претходно објави дека Анчелоти би можел да го напушти Реал Мадрид по финалето од Кралскиот Куп против Барселона на 26 април.

Back to top button
Close