Џандарско мочуриште

Нема ништо политички поубиствено за една партија од тоа раководството на партијата да е потпаднато под силни влијанија на аморфни безбедносни структури. Таквите структури имаат три главни карактеристики. Прво, тие се составени од школувани, главно многу интелигентни, а потоа, со текот на годините, и искусни експерти за манипулации со информации. Второ, немаат тие никакви идеолошки предрасуди, ниту преферираат повеќе власт или опозиција – за нивното „мочуриште“ секој политички полноглавец е добредојден оброк. И, трето, тие никогаш не се бивши, дури и кога, божем, ќе заминат во пензија.

Во изминатите децении многу пати сум ја употребил метафората дека, кога ќе влезете во нивната „реалност“, ви треба голема самоконтрола и искуство за да не ве „проголта“ нивниот свет на „искршени огледала“. (Полу)информациите со кои тие располагаат, по правило, се атрактивни и ексклузивни, но многу е тешко да препознаете каде почнуваат, а каде завршуваат тие игри со факти и селектирани делчиња од некаква конструирана реалност; и, потоа, манипулативните интерпретации на „вистините“ што произлегуваат од таа вешта игра на факти и интерпретации.

Нив не можеш да ги исчистиш со „ветинг“ во службите. На нив „службата“ им е во главите, а не во службените канцеларии и легитимации.

Тие безбедносни структури живеат и градат лични кариери (а и бизниси) од сопствената вештина во „трговијата“ со тие манипулации. Политичарите (и новинарите) им се главна мета во таа континуирана купи-продај дејност. Тие за нив се само „потрошен материјал“ кој на „пазарот“ секогаш го имаат во изобилие, бидејќи „робата“ што тие ја продаваат е секогаш барана и држи висока цена. Како кај дрогата, трикот е само континуирано да го одржуваат пазарот на понуда и побарувачка, постојано со нови регрутации на „зависници“. Како и во нарко, така и во безбедносните надигрувања најтешко паѓаат шефовите на „дилерските мрежи“ со информации, дури и кога ќе демистифицирате некоја структура на „улични препродавачи“ со дезинформации и полувистини.

колумната на Сашо Орданоски во целост прочитајте ја тука

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close