Андриушченко: Русите го обновуваат театарот во Мариупол, сакаат да прикријат воено злосторство

Руските сили го реновираат театарот во Мариупол за да ги прикријат воените злосторства, изјави советникот на градоначалникот, Петро Андриушченко.

Тој рече дека Русите го обновуваат театарот под маската на реконструкција поради неговата историска вредност, пренесува „Гардијан“.

„Окупаторите го кријат своето воено злосторство. Тие брзаат да ги избришат сите траги и докази со ‘реконструкција’. И сето тоа под превезот на ‘историска вредност’“, рече Андриушченко.

Тој додаде дека „единствената историска вредност што ја создадоа беше тоа што фрлија две бомби“.

„И токму оваа историска вредност сега се обидуваат да ја сокријат окупаторите“, рече Андриушченко.

Руските сили го нападнаа театарот во март, при што загинаа околу 300 луѓе кои се криеле таму.

Back to top button
Close