Ангеловска-Бежовска: Ова е криза во која првичниот одговор е олабавување на монетарната политика

Oва е прва криза во која првичниот одговор на нашата централна банка е олабавување, а не заострување на монетарната политика, истакнала гувернерката на Народната банка, Анита АнгеловскаБежовска на панел дискусијата на е-конференцијата „Ковид-19: Влијанието врз економијата и политиките на централните банки“, организирана од Лондонската школа за економски и политички науки и на Банката на Албанија. 

– За време на глобалната финансиска криза, понискиот прилив на капитал во македонската економијата и тогашната зголемена склоност на економските агенти кон еврото наметнаа зголемување на основната каматна стапка за да се стабилизираат очекувањата, но тоа доведе до пораст на каматните стапки на кредитите и забавување на кредитната поддршкаОвојпат е поинаку, зашто ковид-кризата ја дочекавме со високо и соодветно ниво на девизни резерви, посилни фундаменти на економијата и отсуство на нерамнотежи, што се гледа преку солидната надворешна позиција на економијата и умерената инфлација, посочила АнгеловскаБежовска.

Во своето излагање, како што соопшти денеска Централната банка, АнгеловскаБежовска се фокусирала на политиките на централните банки од регионот во текот на актуелната криза, осврнувајќи се и на ефектите постигнати досега, како и на предизвиците за монетарната политика за натамошниот среднорочен период. 

– Со оглед на сериозноста на шокот предизвикан од пандемијата, со научените лекции од глобалната финансиска криза и со достапноста на веќе подготвениот неконвенционален пакет алатки, овојпат во регионот монетарната реакција беше побрза и посилна, а и подобро усогласена со фискалната политика, оценила гувернерката. 

Коментирајќи ги ефектите од преземените монетарни мерки, нагласила дека тие придонеле да не се зголемат трошоците за финансирање, односно каматните стапки се намалуваат, а задржана е и солидната кредитна поддршка. Кредитниот раст продолжил да расте стабилно во речиси сите земји од регионот со просечна стапка од околу 6,2 проценти, а во државава изнесува 7,3 проценти. 

На панел-дискусијата било истакнато дека актуелната состојба создава неизвесност, особено заради времетраењето на здравствената криза, а било разговарано и за повеќе сегменти на кои носителите на политиките во регионот ќе треба да им посветат посебно внимание во следниот период. Нагласена била и потребата од натамошно зајакнување на економските основи и на отпорноста на економиите од идни шокови, особено преку продолжување со структурните реформи.

Во рамки на е-конференцијата, гувернерката разменила мислења со колеги од другите централни банки за актуелни прашања поврзани со економските предизвици од ковид-кризата, како и за значењето и важноста на пристапот до девизна ликвидност во евра што на Народната банка ѝ беше овозможен од страна на Европската централна банка.

Back to top button
Close