Ангеловски нов селектор на Таџикистан

Македонскиот стратег Игор Ангеловски е назначен денеска за нов селектор на фудбалската репрезентација на Таџикистан.
Поранешниот македонски селектор потпиша двегодишен договор и ќе го предводи Таџикистан на завршниот турнир во Азискиот куп што во 2027 ќе се одржи во Саудиска Арабија.
Четириесетидеветгодишниот Ангеловски од 2015 до 2021 година ја предводеше македонската репрезентацијата со која избори настап на Европското првенство 2020.
На клупски план, Ангеловски постигна најголем успех со скопски Работнички, освојувајќи го македонското првенство во сезоната 2013/14 и два национални куп трофеи (2013/14 и 2014/15).
Во досегашната кариера беше тренер и на хрватскиот клуб Горица, казахстански Каспи и Етникос Ахнас од Кипар.

Back to top button
Close