Јанкулоска тужи во Граѓански и бара кој го спроведе масовното прислушување, откако Мијалков се спаси во кривична постапка
Судот ги прифатил наводите на одбраната, дека кај Гордана Јанкулоска немало намера ниту умисла да се уништи конкретната опрема. Јанкулоска сега тужи во Граѓански суд и бара виновник за прислушувањето. Ова доаѓа откако пропадна предметот „Таргет“, во кој, му се судеше на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков како главен за масовното прислушување. Разговори од Јанкулоска беа споделувани и во јавност од екслидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој го обзнани скандалот.
„Ако не во кривична постапка, се надеваме дека во граѓанска постапка ќе се утврди кој го вршел прислушувањето и да се надомести нематеријалната штета која Гордана Јанкулоска ја има претрпено како една од најголемите жртви на прислушувањето. Гордана Јанкулоска бара“, рече нејзиниот адвокат Влатко Илиевски.
Таа како министерка немала информација дека била уништена опремата за прислушувањето, бидејќи кога стигнал извештајот – таа била еден ден пред заминувањето од позицијата. За пресудата од Кривичен, велат дека се задоволни и чекаат да биде потврдена од Апелација