„Анти-Нобел“ за мир годинава кај тројца Американци

 ТројТројца американски истражувачи ја добија „Анти-Нобеловата награда за мир“, за тестирањето на теоријата дека појавата на брада кај мажот е поврзана со неговата потреба да си го заштити лицето од тупаница.

Научната награда „Анти-Нобел“ се доделува „за достигнувања што прво те насмеваат, а потоа те тераат да размислуваш“. Основана е 1991 година од списанието „Анали на неверојатни истражувања“ (Annals of Improbable Research), како пародија на Нобеловите награди. Годинашната 31. „свеченост“ е поддржана од Универзитетот Харвард во Масачусетс (САД). Таа одеше на интернет, поради пандемијата на коронавирус.

Наградата за мир за оваа 2021 година ја додели Нобеловецот за економија од 2007 година – Ерик Маскин. Добитници се биолозите Итан Бесерис, Стивен Нилвеј и Дејвид Кариер.

Идејата за нивното истражување дојде откако еден од нивните научни спорови за малку ќе довел до тепачка. Во експеримент со череп направен од епоксидни влакна, завиткан во стрижена и, на некои места, нестрижена овча кожа што личи на брада, експертите откриле дека влакната на лицето апсорбираат до 37 отсто од енергијата на еден удар.

Од 1999 година, „Анти-Нобел“ наградата се доделува во 10 области, а некои од категориите се совпаѓаат со вистинските Нобелови награди. Меѓу победниците оваа година има и истражувачи кои откриле како подобро да го контролираат бројот на лебарки во американските подморници или кои проучувале дали превозот на носорог во воздух не е побезбеден ако животното е со главата надолу.

Наградата за биологија, пак, годинава ја доби Сузана Шуц, докторка на науки од Шведска, за анализата на спектарот звуци што ги испуштаат домашните мачки. Наградата ја додели Нобеловецот за физика од 2001 година – Ерик Корнел. Наместо да ѝ дадат можност на Шуц да ја изрази својата благодарност, организаторите ја замолија да ги репродуцира сите звуци на мачки на коишто може да се сети. Тоа е шега, секако

Back to top button
Close