Антиваксери и лузери

За да се соочат на посериозен начин со сите чудни конспирациски теории и лудости, било потребно многу читање, запознавање и проверка на фактите. За вакви и слични искуства зборуваат многумина во скандинавските земји, меѓу кои има и силни противници на вакцините, но кои сега активно се обидуваат да ги оспорат митовите и лажните информации на социјалните мрежи. Некои од нив себеси дури се нарекуваат и како поранешни антиваксери.

Да се заштитат најслабите во општеството, посебно оние кои од разни причини навистина не можат да се вакцинираат, е едно од најважните прашања поврзани со масовната имунизација против Ковид-9. Сите очекуваат и зборуваат за потребата општетството повторно да се отвори, да се врати, барем во извесен обем, поренешното нормално живеење, но противниците на вакцинирањето се тие кои даваат значаен придонес тоа постојано да се пролонгира.

Сепак, состојбите значајно се разликуваат, зависно од начинот на кој функционира едно општество. Скандинавските земји се на пат да се отворат. Данска ги укина сите преостанати коронамерки, станувајќи прва држава од Европската унија која целосно се враќа во претпандемискиот живот.

Данските здравствени власти во август го одобрија укинувањето на сите мерки, откако беше заклучено дека вирусот веќе не е критична закана за општеството, што се должи на вакцинирањето и на ниската стапка на сериозни разболувања и смртни случаи од ковид-19. Ковид пропусница веќе нема да биде потребна за да се влезе во ресторани, спортски центри и ноќни клубови, а децата нема автоматски да се праќаат дома ако имале близок контакт со заразено лице. Само оние кои се заразени ќе мора да бидат во карантин. Училиштата се отворени, а луѓето можат да се вратат на работа во канцеларии. Данска уште на 13 август ја укина мерката за носење маска во јавен превоз.

Данска се вбројува во земјите со највисока опфатеност на населението со имунизација во светски рамки. Покрај тоа што речиси три четвртини од возрасните Данци се целосно вакцинирани, експертите сметаат дека и високото ниво на доверба во општеството има важна улога во успешната данска приказна.

Данците живееја со корона рестрикции 548 денови. Ковид-пасоши повеќе нема да се покажуваат во рестораните, но на данските граѓани им се препорачува и понатаму да се држат до добрите навики со кои се здобиле во текот на корна-кризата – редовно миење на рацете и одржување на хигиената, и да остануваат дома доколу се чувствуваат болни.

И другите скандинавски земји наскоро се очекува да ги укинат рестрикциите, а што се засновува врз покриеност на населението со вакцини од околу 80-90 проценти. Во Норвешка и Шведска се надеваат дека рестрикциите ќе исчезнат кон крајот на септември, додека проценката во Финска е дека тоа ќе се случи во октомври, иако сèуште не е утврдено и кога ќе биде направен последниот чекор во борбата против пандемијата, односно кога Ковид-19 повеќе нема да се смета за општествено опасна болест.

Во ЕУ е вакциниран поголем дел од возрасното население отколу во САД, а повеќе ЕУ-членки со своите успешни вакцинални кампањи се доближуваат до виското ниво на имунизациоја постигнато во Велика Британија. Но во исто време разликите се сепак големи во рамки на Унијата, при што некои членки мошне заостануваат со својата имунизација. Во Бугарија помалку од 20 отсто добиле прва доза од вакцината, а во Романија нешто повеќе од 30 отсто. И во Словачка, Хрватска и Словенија со кампањата за имунизација се опфатени помалку од половина од возрасното население.

Многупати е речено дека најдобар начин за борба против ковид-пандемијата е масовна имунизација. Но, за жал, за разлика од земјите кои сега се отвораат, во други делови на Европа се зголемува бројката на починати и заразени, и се дискутира за повторно воведување на строги мерки, вклучувајќи го и полицискиот час. Напоредно на тоа не попуштаат ни антиваксерите со својата хистерија.

Но, како што констатираат во Данска, ако имате ниско ниво на доверба во властите и во институциите, тогаш се потребни строги мерки за справување со коронавирусот. Додека во конспирациите за светска завера продолжува потрагата по виновниците, од типот на, меѓу другите, Бил Гејтс и Џорџ Сорос, некои општества се враќаат кон секојдневниот живот. За останатите, доколку веќе не сакаат ниту да се обидат да се видат како можни поранешни антиваксери, веројатно не им преостанува нешто друго освен да ја прифатат својата улога на лузери, заталкани некаде на споредни патишта од обновата, закрепнувањето и развојот.

Ивица Челиковиќ

 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close