Апасиев не се појави на дебата со Петар Богојески

Димитар Апасиев од Левица го избегна дебатирањето со Петар Богојески од Македонски концепт. Дебатата закажана на ТВ Телма требаше да оди во живо и да ги соочи двата кандидати и нивните решенија за идниот парламентарен состав, што нудат и каква ја гледаат иднината на земјата, но очигледно Апасиев немал што да каже на тие теми.

“Апсиев избега од дебата со мене на ТВ Телма! Одиме и без плашливци… тоа нема да го спаси од обврската да одговори кој го “вработи” во СЈО на Катица Јанева?!?”, напиша Петар Богојески, носител на листа на пратеници од Македонски концепт во ИЕ 1 на својот фејсбук профил.

Инаку Апасиев се претставува за критичар на социјалните мрежи каде што нема активно опонирање на неговите ставови и каде што изборот на темите му се под контрола.

Back to top button
Close