Апелацискиот суд од Париз ја продолжува истрагата против министерот за финансии Жералд Дарманиан за силување од 2009 година

– Апелацискиот суд од Париз нареди продолжување на истрагите за обвинението за силување од 2009 година против министерот финансии Жералд Дарманиан, откако  Касацискиот (Врховен) суд на Франција, во ноември 2019 година одлучи да се провери точноста на ослободувањето од обвинение на министерот во 2018 година, јави дописникот на МИА.

Жералд Дарманиан (37) во февруари 2028 година беше обвинет за силување, сексуално вознемирување и нарушување на довербата преку поплака во граѓанска тужба од Софи Патерсон-Спац. Во август истата година тој беше ослободен од обвинението за силување, по што постапката беше запрена.

Дарманиан беше обвинет од Патерсон-Спац дека ја силувал во 2009 година. Во тоа време, кога тој беше менаџер на проекти во одделот за правни работи на УМП, таа побарала од него помош  за да се поништи пресуда од 2004 година за уцена и злонамерен повик против нејзиниот поранешен сопружник. Според неа, Жералд Дарманиан и ја ветил  поддршката, во замена за сексуални услуги.

Против министерот имаше уште едно обвинение од жителка на Туркоинг, град чиј градоначалник од 2014 до 2017 година беше Жералд Дарманиан. Таа се пожалила дека градоначалникот и побарал сексуални услуги во замена за сместување . Оваа постапка исто така беше затворена од јавното обвинителство во Париз во пролетта 2018 година.

За министерот Дарманиан, овие нови судски проблеми можат да влијаат пред најавеното можно реконструирање на француската Влада

Back to top button
Close