Де ла Фуенте: Шпанија се чувствува како фаворит на Светското првенство

Селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, изјави дека го смета својот тим за еден од фаворитите за претстојното Светско фудбалско првенство.
Денес, Де ла Фуенте го објави конечниот состав за турнирот.
– Се чувствуваме како фаворити и сме способни да го освоиме Светското првенство. Но, тоа не ни гарантира ништо, се разбира. Постојат и други тимови кои исто така се борат за трофејот. Имаме желба да се бориме храбро, но во фудбалот можеш да изгубиш дури и ако си супериорен во однос на противникот. Ќе се бориме за сè, никој не се сомнева во тоа, рече Де ла Фуенте на денешната прес-конференција.
Осум играчи на Барселона беа повикани во националниот тим, а ниту еден на Реал Мадрид.
– Јас сум селектор и не ме интересира од каде се играчите. Ова се играчи на репрезентацијата, немам тимски преференции. Сè што сакам е овие играчи да бидат горди што ја претставуваат репрезентацијата, додаде Де ла Фуенте.
Мундијалот ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули во САД, Мексико и Канада. Шпанија ќе игра во Групата Х, каде што ќе се соочат со Зелено’ртски Острови, Саудиска Арабија и Уругвај.






