Апсење за поткуп вечерва во Лозово, поткупувал во корист на независен кандидат

Вечерва околу 17.30 часот во с. Милино, општина Лозово полициски службеници од ОВР Свети Николе го приведоа Б.А.(50) од с. Милино, по претходно добиени оперативни сознанија дека врши поткуп во врска со претстојните локални избори, информираат од полицијата.

Според сознанија на Centar.mk, тој давал и нудел пари, од 3000 до 5000 денари, во замена за глас за независен кандидат, а лицата кои добивале пари се потпишувале на документ дека примиле пари.

Back to top button
Close