Арсовска- Ќе се борам до крај,оставка нема од мене да видат. СДСМ и ВМРО ДПМНЕ намерно прават хаос во градот.

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска обвини дека ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се здружиле за да ја блокираат нејзината програма. Во вечерашната Топ Тема на Телма, Арсовска рече и дека причина за тоа е што од самото осамостојување на државата на граѓаните им се продава гол популизам од страна на секој премиер, министер и градоначалник.

-Многу е тешко кога имате две најголеми политички партии во македонија, кои што имаат само еден заеднички непријател во овој момент. Мое лично мислење е дека тие се фокусираат да прават хаос низ градот Скопје и да не ги гласаат проектите затоа што сакаат да ја дефокусираат јавноста од вистинските проблеми во државата, а тоа е како здружено да го сменат Уставот, но тоа е друга тема. Оваа тема е, доколку сакаат да се реализираат, тие треба да гласаат во тој совет, а јас како знам и умеам ќе ги реализирам сите оние проекти кои што ги имам ветено пред граѓаните, рече Арсовска.

Таа е децидна дека оставка нема да даде во никој случај и дека ќе за бори до крај, затоа што била во право.

На прашање дали е спремна сите заедно (со советниците) да си дадат оставка, таа одговори дека такво нешто од неа нема да видат.

„Апсолутно не, од мене оставка тие нема да видат токму затоа што ја сакаат и ја бараат. Знаете ли зошто? Затоа што јас сум во право, а тие не се. И ако мислите дека јас како поединец ќе издржев 18 месеци притисоци од вакви политички партии и елити кои успеале да се пресметуваат и меѓу себе и со трети страни, а да не сум во право, се лажете“,рече Арсовска.

На дополнително прашање, дали ако советниците ѝ дојдат со потпишани оставки и ѝ речат дека ја очекуваат уште нејзината, па сите заедно да си одат, градоначалничката одговори: „Нека им е со среќа, следните советници ќе бидат сигурно поконструктивни и нема да бидат во овој состав во којшто се сега“.

Во телевизиското гостување таа рече и дека е подготвена на компромис, меѓутоа и другите треба да направат чекор.

Иако прашана повеќе пати, таа не сакаше да открие како толку брзо се распадна соработката со ВМРО-ДПМНЕ. Откако ја поддржаа на локалните избори, Арсовска ја обвини најголемата опозициска партија дека нејзините директори биле „фатени со рачињата во медот“, а претседателот на партијата Христијан Мицкоски го нарече „рекет број еден“ во Македонија.

Според Арсовска, пректот со прочистителната станица е во тек, а Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој ги немаат стопирано активностите. Инсистира дека тоа е лага која што некој намерно ја пуштил во јавноста.

За опожарениот мост „Беласица“ има постапка која се спроведува, и пред таа да заврши Градот Скопје нема да го пушти во употреба, тврди градоначалничката Арсовска. Обвини дека некои во јавноста неосновано очекувале тој да биде пуштен во употреба за 15 дена, но таа инсистира дека кога ќе заврши постапката, и кога ќе се утврди дека тој е безбеден мостот, откако ќе му биде направена мала санација, ќе биде пуштен во употреба.

Back to top button
Close