Арсовска: Мизогеното и дивјачко однесување на Славевски резултираше со хоспитализација на една жена која е мајка на две деца!

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, објави Фејсбук статус со кој ја поддржува независната советничка во Советот на Град Скопје, Ирена Витина, која вчера итно беше пренесена во болница по тортурата од страна на Трајко Славевски.

– Мизогеното и дивјачко однесување на Трајко Славевски како претседател на Советот во Град Скопје на вчерашната седница кулминираше со немил настан во кој советничката Ирена Витина ја загуби свеста не можејќи повеќе да се носи со постојаните брутални напади кон неа од страна на Славевски.

Витина е жена која лавовски се бори на секоја седница единствено за интересите на скопјани и поради фактот што препозна некој единствено е заинтересиран за теснопартиски и лични интереси се повлече од советничката група.

Витина покажа срце и храброст и ако сите од раководството на ДПМНЕ се однесуваа како Витина кога станува збор за интересите на граѓаните партијата досега ќе беше на власт.

Ако ДПМНЕ ваков притисок вршеше кон власта како кон Витина одамна ќе беа на власт. Наместо борба со власта, тие продолжуваат со правење на поделби во опозициското ткиво

 

Back to top button
Close