Арсовска: Со добри дела и заедништво да ги негуваме солидарноста, меѓусебното разбирање, толеранцијата и соживотот

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска упати честитка за Рамазан Бајрам до граѓаните од исламска вероисповед, посакувајќи им искрени желби за добро здравје, љубов, среќа и благосостојба.

– Со добри дела и заедништво да продолжиме да ги негуваме солидарноста, меѓусебното разбирање, толеранцијата и соживотот. Сплотени заедно да придонесеме за просперитет и благосостојба за сите. Посакувам среќни празнични денови исполнети со радост, спокој и хармонија, пишува Арсовска во честитката.

Back to top button
Close