Асфалтот не е канцероген, некому му пречи конкуренцијата

Реакција на Топ Билд Скопје

 

По вчерашната тенденциозно нарачана репортажа во еден локален двојазичен портал стана кристално јасна причината зад протестите против изградбата на најсовремена еколошки асфалтна база за производство на рециклиран асфалт. На некого многу му пречи на пазарот домашната градежна компанија Топ Билд, која континуирано инвестира во најнови технологии и опрема согласно најстрогите еколошки стандарди во Европската Унија, компанија која потикна високо квалификувани професионалци да се вратат назад во државата од странство и да ја помогнат домашната економија, компанија која редовно исплаќа бруто плати на своите вработени многу повисоки од просечната и минималната бруто плата во државата, плаќа даноци согласно закон.

Излезе вистината на виделина!!! Не им е до загадување, им пречи силната конкуренција!!!

На овие стопанственици кои стојат зад блокадите на современ еколошки производствен проект не им е никаква грижа аерозагадувањето туку најголема грижа им преставува елиминирање на конкуренцијата. Впрочем и самите во јавноста објавија истражување со кое потврдуваат дека асфалтот НЕ Е КАНЦЕРОГЕН.

Откако не успеаа да најдат ни најмала дамка во постапката за прибавување на правосилното одобрение за градба, нивната валкана кампања не вроди со плод и не извршија влијание врз институциите, исплашени од одговорноста со која се соочуваат поради свесно грубото кршење на законите и веќе покренатите пријави пред надлежните институции си го покажаа правото лице и вистинската цел, посегнаа да ја уништат конкуренцијата овој пат со нови лаги и клевети. Ние во Топ Билд од секогаш сме делувале согласно закон во локалните заедници. Ги повикуваме надлежните институции да ги истражат изнесените наоди во јавноста од страна на овие стопанственици на кои им пречи конкуренцијата. Воедно ги повикуваме и истражувачките новинари во државата да го истражат делувањето, работењето и минатото на овие стопанственици кои стојат зад валканата кампања која континуирано се одвива за да се елиминира конкуренцијата, со цел јавноста да се запознае какви личности и субјекти стојат во позадина на ова сценарио и какво е нивното деловно минато. Нашата кревка економија не смее да си дозволи преседан кој ќе постане алатка за уништување на права конкуренција во нечесните раце на поединците. Никој не смее да биде над законот изигрувајќи жртва во јавноста и да влијае тој да се толкува како одговара на нему валканите намери.

Back to top button
Close