Австралиската полиција пронајде делови од тело на девојче за кое се сомнева дека било нападнато од крокодил

Австралиската полиција пронашла делови од телото додека трагала по 12-годишно девојче за кое се верува дека било жртва на напад од крокодил, пишува Би-Би-Си.

 

Девојчето последен пат било видено во вторникот, како плива со семејството во близина на абориџинскиот град Нганмарјанг.

„Ова е тажна вест за семејството, заедницата и сите вклучени во потрагата“, рече наредникот Ерика Гибсон, додавајќи дека полицијата ќе обезбеди поддршка за семејството. „Повредите потврдија напад од крокодил“, додаде Гибсон.

Околу 40 локални жители ѝ помогнале на полицијата во потрагата по детето, која започнала набргу откако 12-годишното девојче било пријавено за исчезнато.

Речиси 36 часа ја пребарувале областа пеш, со брод и со помош на хеликоптер, низ захтевен терен со густа вегетација и тесен кривулест воден пат.

Не се дадени детали дали е пронајден крокодилот за кој се сомнева дека го нападнал детето.

Оваа област е дом на околу 100.000 морски крокодили, повеќе од кое било друго место во светот. Сепак, нападите се невообичаени.

Имаше најмалку два напади со крокодили овде во изминатата година – деветгодишно момче беше повредено додека пливаше во националниот парк Какаду во јануари, а фармер избега од вилиците на ѕверот каснувајќи го, но нема фатален напад оттогаш.

Back to top button
Close