Австрија е против членството на Украина во ЕУ  

Австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг смета дека на Украина не треба да ѝ се понуди членство во ЕУ. Шаленберг ја коментираше темата во говорот на 14. европски медиумски самит во Лех ам Арлберг.

Министерот смета дека Украина не треба да добие кандидатски статус во јуни, како што очекуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Шаленберг тврди дека има земји во Западен Балкан кои поминале долг пат.

Австрискиот весник „Хојте“ ја цитира и изјавата на Шаленберг дека Украина во принцип не треба да стане членка на ЕУ ниту во иднина. Тој се залага за поинаков пат за Украина од полноправното членство.

Според министерот, треба да има и други модели освен пристапот на Украина во ЕУ – пристапување во Единствениот економски простор на ЕУ или едноставно одржување на сегашното ниво на Спогодбата за асоцијација. Шаленберг повика на поголема флексибилност во барањето механизми за приближување меѓу Украина и ЕУ.

Сепак, тој недвосмислено го поддржа натамошното продлабочување на односите на ЕУ со Украина

 

 

Back to top button
Close