Aвтобусите за Рамазан Бајрам ќе сообраќаат по неделен возен ред


Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) информира дека на верскиот празник Рамазан Бајрам, автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред.

„Дежурни од 7 до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров“, наведено е во соопштението.

Оттаму додаваат дека жичницата ќе функционира вообичаено, од 10 до 18 часот, при што од 17 до 17:30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 17:45 часот е последно возење од врвот надолу.

Back to top button
Close