Бајден ги продолжи итните мерки за Балканот

Американскиот претседател Џозеф Бајден ги продолжи за една година итните мерки за Балканот, се вели во соодветниот декрет објавен од Белата куќа.

„Актите на екстремистичко насилство и опструкционистички активности, како и ситуацијата на Западен Балкан што го попречува напредокот кон ефикасно и демократско владеење и целосна интеграција во трансатлантските институции, продолжуваат да претставуваат невообичаена и екстремна закана за националната безбедност и надворешната политика на САД“, се вели во документот.

Затоа, Бајден утврди дека е неопходно да се продолжат вонредните мерки кои се во сила, прогласени со Извршната наредба 13219 за Балканот.

Оригиналниот декрет за итни мерки поврзани со регионот, кој е во сила од 26 јуни 2001 година, беше донесен од тогашниот американски претседател Џорџ Буш според законот за справување со невообичаени и големи закани за националната безбедност и надворешната политика на САД. Регулативата подоцна беше продолжена во 2003 и 2021 година.

Таквите мерки може да се продолжуваат секоја година доколку претседателот објави известување во Федералниот регистар и поднесе известување до Конгресот во кое ќе се наведе дека ќе продолжи да се применува по датумот на годишнината, пренесе Блиц.

Back to top button
Close