Бајден го обвини Путин за геноцид во Украина

Американскиот претседтел Џо Бајден го обвини претседателот на Русија Владимир Путин за геноцид во Украина. На настан во Ајова, тој за време на говорот за цените на гривот меѓудругото ја обвини Русија за геноцид. Подоцна новинарите го прашаа да појасни дали навистина споменал такво нешто.

-Да, јас го нареков тоа геноцид. Станува се појасно и појасно дека Путин само се обидува да ја избрише идејата дури и да се биде – да може да се биде Украинец. И доказите за тоа се зголемуваат. Различно е од минатата недела. Се повеќе докази излегуваат од – буквално, ужасните работи што Русите ги направија во Украина. А ние ќе дознаваме се повеќе и повеќе за уништувањето. И ќе им дозволиме на адвокатите да одлучат меѓународно дали ова така ќе се квалификува или не, но така ми изгледа – изјави Бајден.

Геноцидот се семата како најтешкото злосторство против човештвото – масовно истребување на одредена група луѓе.

Минатиот месец и американскиот државен секретар Антони Блинкен  ја обвини Русија дека извршила воени злосторства со нападите врз цивили во Украина.

Сенатот на САД претходно едногласно усвои резолуција со која рускиот претседател Владимир Путин се прогласува за воен злосторник.

Со Резолуцијата поднесена од републиканскиот сенатор Линдзи Греам и поддржана од сенаторите на двете страни, се охрабрува Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг и другите земји да ја земат за цел руската војска во секоја истрага за воени злосторства извршени за време на руската инвазија на Украина.

На ваквите квалификации се придружија голем број западни лидери

 

 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close