Бајден го повика Претставничкиот дом итно да одобри воена помош за Украина

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска го повика Претставничкиот дом на американскиот Конгрес што поскоро да одобри дополнителна воена помош за Украина и Израел.

Според него, САД треба да ја зголемат поддршката за Украина за да го спречат рускиот претседател Владимир Путин да навлегува во земјите кои се сојузници во НАТО и да се осигура дека тој нема да ги вовлече американските војници во идна војна во Европа.

„Сега не е време да ги напуштиме нашите пријатели. Претставничкиот дом треба итно да ги одобри законите за национална безбедност со помошта за Украина и Израел, како и да ја обезбеди неопходната хуманитарна помош за Палестинците во Газа“, нагласи шефот на Белата куќа во авторски текст за Волстрит Џурнал.

Back to top button
Close