Бајден: Империјата ќе го возврати ударот!

Го одгледавме некни интервјуто на американската амбасадорка Брнс на ТВ Телма во кое таа, со извесна доза на нелагодност (не само во ставовите, туку и во „говорот“ на испреплетените прсти згрчени на масата за време на речиси целиот разговор) и со разно-разни дипломатски флоскули се обидуваше да ја „објасни“, ако веќе не и да ја „оправда“, четиригодишната политика на својот шеф, претседателот Трамп, кон светот.

Не е виновна амбасадорката што тој обид ѝ помина прилично бледо, бидејќи проектот „Да ја направиме Америка повторно извонредна“, едноставно, надвор од САД, тешко се брани: ем да сакаш да продолжиш бидеш најпочитуван и највлијателен фактор во светот; ем за ништо друго, освен за својот најтесен национален интерес, да не ти е гајле. Следствено, на разни точки во светот, американските амбасадори во последните 2-3 години, од апсолутни предводници во влијанието на дипломатските корови, станаа угледни членови на вторите дипломатски ешалони во земјите во кои службуваат. Со потечени очи од неспиење, за да останат во тек со најновите твитерски контроверзи на човекот кој пати од хронична несоница во Белата куќа.

Долга е историјата на повремената американска изолационистичка надворешно-политичка идеја, веројатно цели 200 години наназад, според која Американците не треба да бидат премногу вовлекувани во светските настани, бидејќи нивниот континент и неговото поблиско окружување се доволно голем геополитички простор за да им ги преокупира вниманието, енергијата и ресурсите. Претседателот Трамп со таа идеја победи и, прилично хаотично, владееше четири години во Белата куќа, собирајќи во вториот изборен обид речиси рекорден број на гласови во историјата на американските претседателски избори. Веднаш зад апсолутниот изборен рекорд на сите времиња на Џозеф Бајден.

Колумната на Сашо Орданоски во целост прочитајте ја тука

Back to top button
Close