Бајден: Нов пакет воена помош за Украина во вредност од околу 800 милиони долари

Американскиот претседател Џо Бајден на прес-конференција во Мадрид го објави новиот американски пакет воена помош за Украина во вредност од околу 800 милиони долари.

Покрај тоа, тој најави дека коалицијата составена од повеќе од 50 земји ширум светот ќе испрати огромни количини оружје во Украина.

„Нашиот министер за одбрана собра повеќе од 50 земји, кои ветија дека ќе испратат оружје во Украина. Се работи за глобален потфат за поддршка на Украина. Станува збор за речиси 140.000 противтенковски системи, повеќе од 600 тенкови, речиси 500 парчиња артилериско оружје, повеќе од 600.000 парчиња артилериска муниција и напредни повеќецевни ракетни фрлачи, противбродски ракети и системи за противвоздушна одбрана“, рече Бајден на прес-конференција во Мадрид.

Back to top button
Close