Бајден пристигна во Германија на самитот на Г7

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џозеф Бајден, утринава допатува во Германија, каде што ќе учествува на самитот на Групата седум индустриски развиени земји (Г7) во германскиот град Елмау, на Баварските Алпи.

Посетата Бајден ќе ја отвори со билатерална средба со домаќинот на самитот, германскиот канцелар Олаф Шолц, а потоа ќе има формални и неформални разговори со лидерите на Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и Европската Унија, јавува АП.

Тој и другите лидери на Г7 ќе се обидат да изградат стратегија за обезбедување на енергетски резерви и борба против инфлацијата, со цел да се спречат последиците од конфликтот во Украина.

Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, изјави дека на самитот ќе бидат разгледани прашања како што се инфлацијата и други „предизвици во глобалната економија кои произлегуваат од војната на Путин“

Back to top button
Close