Бајден веќе нема никакви симптоми на Ковид, соопшти неговиот лекар

Американскиот претседател Џо Бајден нема речиси никакви симптоми на Ковид-19, откако беше позитивен минатата недела, соопшти денеска неговиот лекар.

– Во овој момент, симптомите се затнат нос и минимална болка во грло, рече лекарот на Бајден, доктор р Кевин О’Конор, во соопштение од Белата куќа.

Во текот на викендот, болките во телото и кашлицата се намалија, а претседателот немаше потешкотии со дишењето, додаде докторот.

Тој повтори дека белите дробови на претседателот Бајден се во ред и дека добро реагира на пропишаната терапија.

Бајден во четвртокот беше позитивен на Ковид-19.

Back to top button
Close