Беџети: Ние можеме да се разделиме од анти-европското МАНУ без двоумењe

Ние, АЛБАНЦИТЕ, заедно со Македонците, но и со другите, ја направивме и ја развивавме државата, во некои аспекти и повеќе од нив самите, од Македонците. Прифаќаат или не тие, с.Македонија не е само нивна држава. Претседателот на МАНУ академик Коцарев „повикува’ на отпор кон интеграциските процеси на земјата под изговор за зачувување на македонскиот идентитет, кој инаку не е загрозен. Академик Катица Ќулавкова изнесе предлог за создавање трета Албанска академија, но, ние можеме да се разделиме од МАНУ ВЕДНАШ без двоумење. Ја прифаќаме ‘фрлената ракавица’! Ние веќе сме докажале дека знаеме да направиме научни и образовни институции и подобро од нив!“ – вели академик Абдулменаф Беџети, член на МАНУ и ректор на Штуловиот универзитет во Тетово, во својата колумна со наслов „Македонски академски фрустрации“, која ја пренесоа весникот „Лајм“ и други медиуми на албански јазик.

Беџети пишува: „Во оваа пригода морам јавно да реагирам на индивидуалните ставови на некои македонски академици, па и на претседателот на МАНУ Коцарев, кој е можеби и мотивиран од академик Катица Ќулавкова и некои други колеги. Немам ништо против индивидуалните ставови на секој академик. Се обидувам да ги разберам, иако не ги објаснувам. Ова секогаш се додека не ги засегнат моето достоинство и националниот интерес. Во нивните мисли, за што и да се случи, одговорни сме ние, АЛБАНЦИТЕ, кои заедно со Македонците, но и другите ја направивме и ја развивавме државата, во некои аспекти и повеќе од нив самите, од Македонците.“

Извор: Слободен печат

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close