БЕГАЈ ТАМУ!

Не е баш пријатно да се слуша снимката на која спикерот Талат Џафери дрско и вулгарно им се обраќа на некои собраниски службеници. Онаа заповед „бегај, бегај таму!“ беше со команден тон како да се вратил во младоста кога бил старешина во ЈНА. И пцовката не му личи на функцијата, а и на возраста. Па затоа и не може да му се најде оправдување, колку и да имал причини толку жестоко да реагира.

Но, дури и во таа реченица збогатена со сочна пцовка има едно прецизно согледување на системскиот проблем со неефиксната администрација, кога Талат вели: „Сите вие што сте на плата и уште си ебавате мајка овде. Бегај! Бегај таму!“

На колкумина од нас ни дошло којзнае колку пати во животот да опцуеме кога ќе се сочиме со неспособноста на некоја партиска шуша на сите шалтери, било на општинско, било на државно ниво, каде што требало да ни завршат работа за платата што ја примаат? Колку пати сме се почувствувале немоќни кога некој со моќта на партијата, кај која се изгребал да го стави на тоа место, ќе ти каже: „почекајте, ако дојде во 8.30“, или „уште има пауза“, „тркна до пазар да купи нешто, сега ќе се врати“, „де бре, една цигара не може човек на раат да испуши“, и како капак на сѐ, „е па сега што да ти правам, тоа тие е“,… А ти, немаш сила да им се наакаш: „Бегај! Бегај таму!“, па уште и понизно им молчиш, оти знаеш дека утре пак ќе те зафркава и никој ништо не им може.

Целата колумна на Горан Михајловски на сдк мк

Back to top button
Close