Бектеши: ДУИ останува на ставот дека е потребен консензус за датумот за избори

Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска, во својство на партиски функционер, соопшти дека ДУИ принципиелно останува на ставот – датумот за избори да се донесе со консензус.

– Ставот на ДУИ е конзистентен и принципиелен од почетокот кога се отвори темата за одржување на изборите во јуни или јуни. Подготвени сме и наредната недела да одиме на избори, но треба да ги имаме предвид препораките од Комисијата за заразни болести и ситуацијата со бројот на заразени. Принципиелно сме кажале дека датумот треба да се донесе со консензус. ДУИ останува на тој став. Ќе ги следиме препораките на епидемиолозите, а јавноста ќе биде информирана за последниот став на партијата или ако има лидерса средба – рече Бектеши, одговорајќи на новинарско прашање во врска со денешната изјава на Спасовски дека изборите треба да се одржат на 5 јули

Back to top button
Close