Белгиски професор давал испитни прашања на студентки во замена за разголени фотографии

Mедиумите во Белгија обелоденија дека професор во виша школа за медицински сестри близу Антверпен им ветувал на студентките испитни прашања во замена за голи слики.

Неколку од студентките го пријавиле однесувањето на професорот.

Според пријавите тој тоа го правел преку апликацијата Снепчет. Според сведочењата истиот професор имал сексуални односи со некои студентки во подрумот од школото.

Студентките алармирале за проблемот уште во септември, тие поднеле и докази за однесувањето на професорот, слики и пораки кои тој ги испраќал. Школото сè уште води истрага, два месеца откако се поднесени првите пријави.

Белгиските медиуми пишуваат дека професорот е познат во областа на негата и менталното здравје на здравствените работници.

Back to top button
Close