Белграѓани се собраа и дадоа поддршка на хрватите по трагичниот настан во Загреб

Белграѓани се собраа и дадоа поддршка на хрватите кои тагуваат за несреќата во основното училиште во Загреб. Граѓаните се собраа на главниот плоштад, кај споменикот на принцот Михаил. Таму положија цвеќиња, запалија свеќи и оставија пораки како „Белград тагува со Загреб“.

Фото: Фејсбук

Дел од луѓето кои ги повикаа белграѓани да дадат поддршка се Нинела Радичевиќ и Миланка Негиќ, мајките на убиените девојчиња Ана и Софија од ужасната трагедија што се случи минатата година во училиштето Рибникар.

„Нашите соседи вчера беа погодени од страшна трагедија во која загина 7-годишен ученик. На 3 мај цела Хрватска беше со нас. Денеска сите мора да бидеме со Хрватска и со семејството на убиениот, како и со семејствата на повредените и нивните наставници, тоа е наша човечка обврска“, објави Марко Ољача на Фејсбук.

 

Back to top button
Close