Белградски медиуми: Мартин Сипковски се разнел со околу 1,5 килограми „пентрит“ во станот во Белград, експлозивот го убил на лице место

Македонецот Мартин Сипковски (21) кој загина од експлозија што се случи на 1 октомври околу 21:30 часот во стан на улица Косовска во Белград имал кај себе околу 1,5 килограми експлозив „Пентрит“, што го разнесе изнајмениот стан, објавија белградски медиуми.

Неговиот идентитет беше утврден за време на обдукцијата и размената на податоци меѓу српската и македонската полиција по анаиза на ДНК.

Според белградските медиуми, неофицијално станува збор за млад човек со дебело криминално досие.

Мартин Сипковски претходно им беше познат на органите на прогонот во Северна Македонија, а минатата година во македонските медиуми беше споменат како млад човек кој „го заменил ракописот со манекенство“, објави Бли.

За него се пишуваше како прв Македонец кој потпишал договор со престижна модна агенција во Истанбул и студент на Факултетот за бизнис и менаџмент во Скопјe. Како што беше напишано во тоа време, тој го напуштил ракометот, кој го играл за „Вардар“, поради повреда на вратот.

Мартин Сипковски загинал поради непрофесионалното ракување со експлозивниот „Пентрит“, кој наводно бил наменет за ликвидација на членови на криминална организација од Нов Белград, а Филип В. (26) е уапсен под сомнение дека му го предал експлозивот на Сипковски, кому му го дал на чување.

Од експлозијата целосно е уништен станот каде што се наоѓал Мартин, како и два други стана стана. Полицијата го уапсила Филип В. (26) кој продавал „пентрит“, но не сакал да каже како го добил или за кого бил наменет.

Српските истражни органи вчера го утврдија неговиот идентитет, за време на обдукцијата, со размена на податоци меѓу српската и македонската полиција и со анализа на ДНК.

Сипковски до скоро беше во куќен притвор во Скопје за предмет во кој беше обвинет за обид за убиство. Постапката протов него се води повеќе од година и за тоа време тој бил во својот дом, но неодамна избегал и влегол во Србија.

Против загинатиот Мартин полицијата лани поднесе 3 кривични пријави за предизвикување општа опасност и за поттикнување, како и 2 кривични дела помагање. Тој беше обвинет дека во ноември 2023 година запалил автомобл во Скопје, а додека возилото горело снимале со мобилен телефон. По неколку дена испукал неколку куршуми кон влезна врата од станот на И.О, а истото го повторил и на 28.11.2023 година на булеварот АСНОМ во Скопје, кога испукал неколку куршуми кон паркирано патничко возило.

Пред да се судри со законот Мартин Сипковски играше ракомет за клубот Вардар, а потоа се посвети на манекенството

Back to top button
Close