Бербок ги поздрави „охрабрувачките сигнали“ од републиканците од САД дека поддршката за Украина може да продолжи интензивно

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок истакна денеска дека ги поздравува охрабрувачките сигнали од САД откако германската Влада го повика Вашингтон да продолжи да ја поддржува Украина во војната против Русија.

„Во овие проблематични времиња, охрабрувачки е што сега има сигнали од републиканците во САД дека поддршката за Украина може да продолжи интензивно“, рече Бербок на состанокот со нејзините колеги од Г7 во Италија.

Back to top button
Close