БЕРИША И ПОКРАЈ ФИЈАСКОТО, НЕ СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ПОЛИТИКАТА
Лидерот на Албанската опозиција и екс претседател и премиер на Албанија Сали Бериша , денеска изјави дека не се повлекува од политичкиот живот. ,, Не се повлекувам пред криминалот кој длабоко е навлезен и во политиката . Голем дел од оние кои победија на локалните избори во земјата , се поврани или носителни на криминални активности. Затоа е овој резулта . ,, рече Бериша комантирајки ги резултатите од локалните избори во Албанија . Тој истакна дека премиерот Еди Рама има манипулирано со овие избори како и претходните , за што како што рече Бериша ,, опозицијата има голем број на аргументи за манипулации ,кои ке ги изнесе пред ДИК но и европските институции,,. Опозицијата ке продолжи со протести за соборувањее на владата на социјалистот Еди Рама рече Бериша.
Денеска два дена по изборите , ДИК официјално соопшти дека во Тирана повторно градоначалник по трети пат ке биде социјалистот Ерион Велијај , кој освои 54, 69 насто од гласовите , додека резултатот од вкупно 59 пребројани гласови во општините од 61 говори дека победата на Социјалистите е голема . 52 општини се освоени од Социјалистите додека 7 од Демократите на Сали Бериша . Албанските медиуми оценуваат дека оваа е надлабок пораз на Демокрстката партија од своето постоење. Истите извори наведуват дека како главни причини за големиот пораз се расколот во Демократската партија која функционира како две партии како и прогласувањето на персона нон гтара од САД на Сали Бериша .
К. Мимидиноски