Би-Би-Си: Ќе продолжиме објективно да информираме за војната во Украина

Би-Би-Си објави куса изјава откако на седум нејзини новинари им беше забранет влез во Русија.

Портпаролот на информативниот гигант рече: „Ќе продолжиме да известуваме независно и правично”.

Новинарите на Би-Би-Си, Ник Робинсон, Орла Герин, Клајв Мири и Ник Бик се меѓу 29-те новинари од Велика Британија на кои им е забранет влез во Русија затоа што, како што тврди Москва, тие на меѓународно ниво ширеле лажни и еднострани информации за Русија”

Back to top button
Close