Бизнисмен убиен во Атина- изрешетан со над 10 куршуми, пукале и со калашников
Маж (44) е убиен околу 2 часот во ноќта меѓу саботата и неделата пред бензинска пумпа во населбата Нео Космос во Атина, откако бил изрешетан со повеќе од десет куршуми.

Според грчката државна телевизија ЕРТ, жртвата Б.З. е сопственик на бензинска пумпа и бил во своето возило кога напаѓачите му пришле со неговиот автомобил и го застрелале десет пати со пиштол и калашников.
Медиумите велат дека имало обид за атентат на сопственикот на пумпата во областа Пиреја.
Полицајците кои дошле на местото на настанот собрале повеќе од 40 чаури, а истрагата за мотивите на ова убиство продолжува.
Управата за безбедност на Атика води прелиминарна истрага за крвавиот инцидент






