Блинкен: Загрижени сме за фиктивниот процес и смртната казна за двајцата Британци и Мароканец во самопрогалсената ДНР

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изрази загриженост поради смртната казна на двајца Британци и еден Мароканец, изречена од судот на самопрогласената Народна Република Доњецк (ДНР).

„Сериозно сме загрижени за фиктивното судење во кое беа осудени легитимни борци кои служеа во вооружените сили на Украина“, напиша Блинкен на Твитер.

Тој ги повика Русија и „нејзините сателити“ да го почитуваат меѓународното хуманитарно право, вклучително и човековите права и заштитата што им се дава на воените заробеници.

Врховниот суд на самопрогласената ДНР вчера осуди на смрт двајца британски државјани и еден Мароканец за, како што се наведува, учество во непријателства на страната на украинските вооружени сили како платеници. Ден претходно Врховниот суд на ДНР објави дека Британците Шон Пинер и Ајден Аслин и Саудун Брахим, од Мароко, кои се бореле на страната на Украина, делумно ја признале вината. Тие се предадоа во Мариупол во средината на април.

Back to top button
Close