Бојко Борисов вo четврток на распит пред обвинителот за „Барселонагејт“

Бугарскиот екс-премиер Бојко Борисов во четврток ќе има два распити во обвинителството.

Едниот е во случајот кој стана познат како „Барселонагејт“. Истрагата проверува дали Борисов перел пари во шпанскиот град Барселона.

Вториот е по пријава на граѓанско здружение, за што вчера соопшти обвинителството. Во него има „обвинувања за корупција и злоупотреба на власта“. Се претпоставува дека станува збор за пријава од здружението „Фајтер“ која минатата недела по втор пат е подбнесена.

Лидерот на здружението, Георги Георгиев, за новинарите изјави дека извештајот против Борисов содржи изјави на сведоци, рачно потпишани на секоја страница, од бизнисмен кој сведочел дека лично го поткупил Бојко Борисов во тоалет за да му биде вратен ДДВ во милионски суми, за кој самиот признал дека е законски задржан поради лажни фактури.

Back to top button
Close