Бојкот во ОУ „11 октомври“ во Скопје – учениците од прво до четврто одделение не се на настава

 

Сите ученици од прво до четврто одделение во ОУ „11 октомври“ во Центар, денеска не дошле на настава, бидејќи бојкотираат, затоа што имало намера во нивното училиште да биде запишан ученик кој претходно бил отпишан од друго училиште поради историја на насилно и проблематично поведение.

Директорката на училиштето Даница Блажеска за „Слободен печат“ не сакаше да даде информации за оваа ситуација, бидејќи рече дека прво треба институционално да им одговори на повеќе засегнати страни и затоа што како што рече – не била утврдена уште ниту фактичката состојба.

 

 

„Директорката веднаш е повикана кај мене на разговор“, изјави за „Слободен печат“ Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар

Но, родителите на деца од прво до четврто одделение за „Слободен печат“ велат дека солидарно, со одлука на Советот на родители, било решено од денеска помалите деца да не одат на училиште и дека моментално таа одлука се спроведува.

,

 

Back to top button
Close