Бочварски: Има пари за автопатот Кичево-Охрид, сега е важно да се направат техничките решенија за свлечиштата

За изградбата на автопатот Кичево-Охрид се предвидени 598 милиони евра. Досега се потрошени околу 440 милиони евра, со што остануваат уште околу 160 милиони евра од кинескиот кредит за довршување на делницата, кој е продолжен до 31 декември 2026 година

Средства за завршување на автопатот Кичево Охрид има и затоа не се побрани нови, изјави денеска министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, додвајчи дека она што сега е важно е да се напрвата техничките решенија за свлечиштата кои се појавија на делницата.

Инаку, за потестување Собранието на 1 април на итна седница го изгласа предлог на Владата, односно на ресорното Министерство за транспорт и врски рокот за завршување на градежните работи на оваа автопатска делница чиј изведувач е кинеската копанија „Синохридро“ да биде продолжен до 31 декември 2026 година. Претходно рокот за изградба на автопатот беше до крајот на минатата година, но 13-те свлечишта кои се појавија беа причината да се донесе нов анекс за негово продолжување.

„Во однос на реализацијата на автопатот Кичево-Охрид веќе најавивме дека согласно насоките од надзорниот инженер и целиот тим кој што работи од страна на надзорот и Фидик-експертите беше дадена препорака за продолжување на рокот поради 13-те нови свлечишта коишто се појавија. Како што знаете има сè уште средства коишто се ставени на располагање за да бидат реализирани и токму поради тоа не се побараа нови средства за реализација на овој автопат. Средства има, важно е да се направат побргу техничките решенија за свлечиштата коишто се појавија и да продолжи реализацијата и градбата на оваа делница од коридорот 8“изјави Бочварски одговарајќи на новинарско прашање кој гарантира дека нема да се бараат уште пари за завршување на делницата.

Пратениците со 78 гласа „за“ изгласаа новиот рок за изградба на делницата Кичево-Охрид да се донесе по скратена постапка

Министерот за транспорт и врски одговараше на новинарски прашања за време увидот во изградбата на браната на реката Отиња во Штип.

За изградбата на автопатот Кичево-Охрид се предвидени 598 милиони евра. Досега се потрошени околу 440 милиони евра, со што остануваат уште околу 160 милиони евра од кинескиот кредит за довршување на делницата.

Министерот Бочварски на 7 февруари оваа година во изјава за медиумите рече оти не очекува да биде пробиена сумата од 598 милиони евра за изградба на автопатот.

„Првиот кредит е веќе реализиран, сега треба да се отпочне со реализација на вториот кредит. Така што сето тое е во рамките на тие 598 милиони евра. Не зборуваме за сума на чинење над 598 милиони евра. Реализацијата е некаде 430-440 милиоони евра. Важно е дека треба да се отпочне со реализација на вториот кредит, да се завршат сите овие работи и да се репроектираат овие свлечишта коишто се појавија за да може да се санираат“изјави тогаш министерот за транспорт и врски.

Владата, на седница одржана на 28 декември, лани ги овласти кабинетот на вицепремиерот за економски прашања, Министерството за транспорт и врски и Јавното претпријатие за државни патишта, да отпочнат преговори со изведувачот на изградбата на автопатската делница Кичево – Охрид, кинеската компанија „Синохидро“, за склучување анекс на договор за продолжување на рокот за изведба, со искористување на веќе обезбедените финансиски средства за доизградба на автопатот.

Инаку, откако стана јасно дека автопатот нема да биде завршен во првично предвидениот рок (31 декември 2023 г.), од Министерството за транспорт и врски кон крајот на минатата година беше побарано Државниот завод за ревизија да изврши ревизија на проектот, а заедно со Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) беше ангажиран и експерт за ФИДИК-договори (меѓународен стандард според кој се реализираат меѓународни договори) да го анализира договорот меѓу Владата и изведувачот на проектот – кинеската компанија „Синохидро“.

Back to top button
Close