Богатството на Закерберг надмина 100 милијарди долари

 Нето вредноста на богатството на извршниот директор на Фејсбук, Марк Закерберг првпат надмина 100 милијарди долари, откако акциите  на социјалната мрежа се искачија за време на пандемијата на новиот коронавирус.

Закерберг со такво огромно богатство им се придружи на сопственикот на Амазон, Џеф Безос и ко-основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, чија нето вредност веќе надмина 100 милијарди долари.

Тројцата се единствените луѓе на светот, чие богатство вреди најмалку 100 милијарди долари.

Информацијата за пораст на богатството на Закерберк беше објавена откако Фејсбук ја лансираше „Инстаграм Рилс“, опција што многумина ја гледаат како конкуренција на Тик Ток

Back to top button
Close