Богојески: Занаетчиството е едно од областите на кое ќе посветиме посебно внимание

– Носителот на кандидатската листа во Првата изборна единица од „Македонски концепт“ Петар Богојески при денешната посета на Старата скопска чаршија порача дека посебно внимание ќе посветат на занаетчиството.

– Чаршијата е единственото автентично нешто што остана од Скопје. Старата скопска чаршија е срцето на градот. Старите занаетчиски дуќани се обележјето на чаршијата. За жал, се помалку луѓето го ценат занаетот. Без љубов, нема занает. Бара многу време, многу влог, но обезбедува егзистенција. Одржувањето на вековните занаети на златари, чевлари, ткајачи, кожари, плетачи се на работ на изумирање. Денес вредните занаетчии можеме да ги изброиме на прсти, рече Богојески.

Според него, потребна е вистинска помош од државата преку субвенционирање на занаетчиството и занаетчиите и програми за поттик и поддршка на младите кои ќе се насочат кон изучување и продолжување на традицијата на занаетите.

– Старите мајстори од чаршијата со кои разговаравме денеска посочија дека не им е доволна поддршката што ја добиваа досега, како и потребата од квалификуван кадар кој може да ги наследи. Ние од „Македонски концепт“ се бориме да ги насочиме младите кон вистинските вредности на оваа држава, зачувување на чаршијата и нејзините вековни традиции, задржување на младите кадри овде во Македонија, насочување на нивните таленти и нивно дообразување, истакна Богојески.

Back to top button
Close