Британскиот амбасадор Лосон преку видеопорака на македонски го честита Денот на македонскиот јазик

Британскиот амбасадор во земјата Метју Лосон го честита Денот на македонскиот јазик преку видеообраќање на македонски јзик.

– Веќе сум четврта година од мојот мандат како британски амбасадор и покрај дипломатските обврски што ги имам, секојдневно уживам користејќи го македонскиот јазик како алатка за комуникација со Владата, институциите, медиумите, невладиниот сектор и пријателите што ги стекнав во оваа прекрасна земја – наведува Лосон во видеообраќањето на македонски јазик на својот фејсбук-профил.

Лосон наведува дека богатството од познавањето на македонскиот јазик ќе му остане засекогаш.

– Богатството од познавањето на македонскиот јазик ќе ми остане засекогаш – го носам со себе читајќи ги преводите на Вилијам Шекспир од Драги Михајловски, слушајќи македонски песни и користејќи го јазикот во секоја пригода. Честит Ден на македонскиот јазик – наведува Лосон.

Back to top button
Close