Брнабиќ одговори на барањата на опозицијата: Ги прифаќам предлозите за изборите, освен еден
–Претседателката на српското Собрание Ана Брнабиќ им одговори на сите пратенички групи за предлозите за изборите, наведувајќи дека ги прифаќа сите освен еден, а тоа се однесува на одложување на изборите во Белград. Таа повика на нов разговор во среда, 17 април, јави дописникот на МИА од Белград.
Брнабиќ во својот одговор наведе дека ги прифаќа сите предлози, освен оној за одложување на изборите во Белград, кој, како што наведе, е против Уставот на Република Србија.
Таа посочи дека е неприфатливо одложување на изборите во Белград, кои согласно законот се закажани за 2 јуни, што значи дека изборите во Белград не можат да се спојат со останатите локални избори.
Брнабиќ изјави дека би сакала искрено да им се заблагодари на сите пратенички групи, на партиите кои во моментов немаат формирано пратенички групи, како и на граѓанските организации кои во петокот на 12 април ги доставија своите предлози за тоа како на ефикасен, транспарентен и инклузивен начин да е продолжи со спроведувањето на сите препораки на Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР), како и предлозите за членовите и начинот на формирање и работа на Комисијата за увид, ревизија и контрола на Единствениот избирачки список (JBS)