Бугарија ги укинува таксите за транзит на руски гас што минува низ таа држава кон Србија и Унгарија

Бугарската влада ќе ги суспендира таксите за транзит на руски гас што минува низ таа земја кон Србија и Унгарија, јавија српските медиуми пренесувајќи став на Министерството за рударство и енергетика.

Станува збор за такси што важат од средината на октомври, а Србија и Унгарија, кои добиваат гас преку транзитниот гасовод од Бугарија, го осудија тој потег, стравувајќи дека потрошувачите ќе ги платат дополнителните трошоци.

Србија и Унгарија официјално се обратија до Европската комисија во врска со бугарските такси.

„Унгарија е членка на ЕУ и смета дека воведувањето на овие давачки е спротивно на овие европски правила“, изјави претходно српската министерка за енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ и посочи дека постојат примери каде таквите одлуки биле суспендирани во минатото.

Back to top button
Close